Сопственик на "Мултитекс" е познатиот битолски бизнисмен Томе Гроздановски, познат во Битола како Јајата. Како успешен трговец, во својата кариера има голем напредок. По завршувањето на Економскиот факултет во Скопје својата професионална кариера ја започнал во познатата битолска трговска фирма "Нова Трговија", каде од референт стигнал до највисоката функција, генерален директор на "Нова Трговија", која во тоа време броеше над 800 вработени. Незадоволен од интеграцијата на "Нова Трговија" со "Јавор", Гроздановски својата професионална кариера ја продолжил во Нови Пазар, каде со некогашните свои деловни партнери формираат заедничка трговска фирма "Нова Трговија". Оваа фирма во Нови Пазар одлично работи и бележи одлични резултати. Но по раздружувањето на Југославија и покрај инсистирањето на неговите партнери од Нови Пазар да направат заедничка мешовита фирма, Томе Гроздановски одлучува да направи своја фирма и на 13/11/1991 година ја формира "Мултитекс".

     ДОО "Мултитекс" - Битола, своето работење на македонскиот пазар го започна на 13/11/1991 година, кое на почетокот беше Трговско Друштво, потоа ПП, за на крајот да биде ДОО. Денеска ДОО "Мултитекс" е мошне позната фирма во областа на трговијата со текстил. Таа се бави со трговијa на големо и мало. Во неа се вработени вкупно 15 работници, има сопствен магацин и 4 бутици. Основна дејност на "Мултитекс" е продажбата на текстил на големо, ХТЗ опрема и јаглен. Увезува роба од Србија, Грција и Турција, а извезува во речиси сите држави од поранешна Југославија, а најповеќе во соседна Србија. И покрај тоа што во изминатите 20 години практично се остварија сите соништа на сопственикот Томе Гроздановски, сепак "Мултитекс" има амбициозни планови за наредниот период. Имено покрај проширувањето на асортиманот и понудата на текстил, како и отворањето на нови бутици, во наредниот период се планира да се отвори нов магацин на патот за Охрид, над бензиската пумпа кај "Довлеџик".

     ДOO "Везенина" - Битола, започна со работа на 04/04/1995 година, а oсновач и управител е Офелија Гроздановска. Основна дејност е трговија со текстил и текстилни производи, поседува 3 бутици.




Wanderer

0001
ПИЛОТ ОДЕЛО / ЛЕТНА ОПРЕМА
Изработено од два дела:
пантолони со прерамки и јакна, 65% полиестер и 35% памук.
-
Контактирајте нè за повеќе информации.

Wanderer

0002
КЛАСИЧНО ДВОДЕЛНО ОДЕЛО / ЛЕТНА ОПРЕМА
Изработено од два дела:
пантолони со низок струк и јакна, 65% полиестер и 35% памук.
-
Контактирајте нè за повеќе информации.

Wanderer

0003
РАБОТНИ ПАНТОЛОНИ / ЛЕТНА ОПРЕМА
Изработени од 65% полиестер и 35% памук.
-
Контактирајте нè за повеќе информации.

Wanderer

0004
РАБОТЕН МАНТИЛ / ЛЕТНА ОПРЕМА
Изработен од 65% полиестер и 35% памук.
-
Контактирајте нè за повеќе информации.

Wanderer

0005
РАБОТНИ ПАНТОЛОНИ СО ПРЕРАМКИ / ЛЕТНА ОПРЕМА
Изработени од 65% полиестер и 35% памук.
-
Контактирајте нè за повеќе информации.

Wanderer

0006
ПИЛОТ ФАТИРАНО ОДЕЛО / ЗИМСКА ОПРЕМА
Изработени од 65% полиестер и 35% памук со постава.
-
Контактирајте нè за повеќе информации.

Wanderer

0007
ЈАКНА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ / ЗИМСКА ОПРЕМА
Изработена од 65% полиестер и 35% памук со постава која што може да се извади.
-
Контактирајте нè за повеќе информации.

Wanderer

0008
ЕЛЕК ФАТИРАН / ЗИМСКА ОПРЕМА
Изработени од 65% полиестер и 35% памук, поставен со полнило 150гр/м² и штепуван.
-
Контактирајте нè за повеќе информации.

Wanderer

0009
КОЖУВ БЕЗ РАКАВИ / ЗИМСКА ОПРЕМА
Изработен од дрил платно, обложен со природно јагнешко крзно.
-
Контактирајте нè за повеќе информации.




Е-ПОШТА
multit@t.mk

КАНЦЕЛАРИИ
ул. Св. Нектариј Битолски 141, Битола - РМ
тел +389 47 237 410 / факс +389 47 233 660

МАГАЦИН
ул. 4-ти Ноември 51, Битола - РМ
тел +389 47 239 414


FACEBOOK

ДОО ВЕЗЕНИНА:
БУТИК "ФЕЛИ"
ул. Далматинска бр.56, Битола - РМ
тел +389 47 226 908
БУТИК "АНА"
ул. Титов Велес бр.19, Битола - РМ
тел +389 47 226 909
БУТИК "АРМАНИ"
ул. Анести Пановски ББ, Битола - РМ
тел +389 47 252 725